Дејвид Бекам, со сопругата Викторија, синовите и ќерката, наскоро ќе се преселат во Австралија или Франција. За новата дестинација парот сеуште размислува, а каде ќе заминат зависи исклучиво од новиот договор на фудбалерот. Имено, по истекувањето на шестгодишниот ангажман во Лос Анџелес, Дејвид сакал да договори уште еден професионален договор, после кој како што вели би заминал во пензија.










