Дејвид Бекам добил примамлива финансиска понуда својата кариера да ја продолжи во Шангај, што би значело дека целото семејство од Лос Анџелес ќе се пресели во Кина. Како што се приближувал крајот на неговиот договор со ЛА Галакси, семејството се припремало за селење, но токму кога сите помислиле дека ќе се вратат во Лондон, пристигнала понудата од Шангај Сенхуе.
Дека Дејвид сериозно размислува да се пресели во Кина зборува и податокот дека во клубот му била понудена неделна плата од 250 илјади фунти, како и можност на годишно ниво од спонзорски договори да заработи дополнителни 20 милиони. Исто така Дејвид и Викторија би добиле нов пазар каде би можеле да ги продаваат производите кои го носат нивното име, како парфеми, облека, долна облека и слично.