Откако охриѓани на неколку наврати преку OhridNews апелираа за несоодветните бекатон-плочки кои го заменуваат асфалтот на неколку градски улици, надлежните институции излегоа на терен и го решија долгогодишниот проблем.

На потегот кај ТЦ „Трудбеник“, бекатон-плочките се отстранети, а на нивно место е поставен асфалт.

бекатон-плочките го оштетија охридските возила

Граѓаните изразија благодарност до надлежните институции за решавање на проблемот, а се надеваат дека и во иднина локалните власти ќе излезат во пресрет на нивните барања.

Инаку, локалната самоуправа од пред некој ден започна со реализација на акциите за санирање на оштетувањата на патиштата во Охрид и околината, а градоначалникот Никола Бакрачески информира дека активностите ќе се одвиваат со забрзано темпо.

О.Т.