Екипата на Бекче и Ремис се финалисти на турнирот во мал фудбал Лескоец 2012. Во 1/2 финалето Бекче го совлада тимот на АСП Пак со 3-1 додека Ремис преку пеналите триумфираше над Дон Маестро 6-4 и обезбеди пласман во финалето.


Во првиот полуфинале дуел Бекче предводени од тандемот Јосифоски и Лолески ги решија фудбалерите на АСП Пак. Почесниот погодок за “плавите“ беше дело на Медароски.

Херој на “градежниците“ во полуфиналето против Дон Маестро беше голманот Бафто кој во пенал серијата успеа да скроти два пенали. Регуларниот дел од натпреварот заврши 2-2.


Финалето и мечот за третото место од меморијалниот турнир во Лескоец ќе се одиграат в сабота.

Мх.П.