Германскиот гигант Баерн Минхен се подготвува за реванш натпреварот со Барселона во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони, но се уште неможат да се помират со пораз 3-0 од првиот меч.


– Прво не ми беше јасно, а потоа се запрашав што прави со тројца фудбалери во одбрана со Барселона Пеп Гвардиола. Од тогаш знаев дека ќе биде многу опасно. – коментираше легендарниот Франц „кајзер“ Бекенбауер.

Тој се осврна и на трансфер политиката на Гвардиола, кој во зимскиот преоден рок се ослободи од Џердан Шаќири и Пјер-Емили Хојбјерг.

– Иако има еден куп повреди тренерот се одлучи да ги испушти двајцата фудбалери. Тоа беше само негова одлука, а не од управата. – додаде популарниот „Кајзер“.

По поразот од Барселона веднаш медиумите му подготвија отказ од Баерн Минхен и го преселија во премиерлигашот Манчестер Сити.

Мх.П.