Германецот Борис Бекер, кој е тренер на светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ дека неговиот ученик не ја добива почитта која ја заслужува.
– Најголемо уживање е да работиш со Ѓоковиќ бидејќи има само една цел, а таа е да победи. Не го интересира полуфинале или пак финале, во неговиот фокус е само титулата и ништо друго. Многу ме потсетува на мене можеби и затоа одлично функционираме заедно – рече легендарниот германец.
Четирикраниот освојувач на титулата во Мелбурн не ужива голема поддршка кај навивачите како неговите ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал.
– Мислам дека Ѓоковиќ не ја добива почитта која сосема ја заслужува. Надал и Федерер имаат многу фанови, но „ноле“ е четири пати биден првак во Австралија и подолго време е водечки на АТП листата. Кога ќе говорите за ривалите треба да почнете од најдобриот, а тоа е Ѓоковиќ. Меѓутоа добро е што Ѓоковиќ не се преоптарува со тоа и максимално се фокусира на мечевите – додаде Бекер.
Во овогодишното издание на Австралија Опен, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето и на дуелот со Вавринка ќе се бори за влез во финалето.
Мх.П.