Репрезентацијата на Велс во квалификациите за Светското првенство во Бразил, ќе влезе мошне силна доколку Крег Белами се реши повторно да го облече репрезентативниот дрес. Формата на фудбалерот на Ливерпул сезонова бележи нагорно линија, затоа новиот селектор Крис Колман ќе направи се да го врати во селекцијата.

Неговото присуство на теренот ние многу потребно. За оваа селекција направи доста добри работи, а најдобрата би била враќањето во репрезентацијата – истакна помошникот Осијан Робертс.

Селекцијата на Велс во квалификациската група за СП се наоѓа заедно со Македонија. Дали гледачите на 6-ти семптеври 2013 година  ќе уживаат во мајсториите на еден од најконтроверзните фудбалери на островот Крег Белами останува само на неговата одлука.
Мх.П.