Најуспешниот олимпиец на сите времиња, американскиот пливач Мајкл Фелпс, ја загуби трката со големата бела ајкула. Најавата дека Фелпс ќе се трка со опасната грабливка предизвика големо внимание, но во релноста Американецот пливаше своја трка, а потоа во монтажата беше додадена големата бела ајкула, која била снимана на друга локација.
Значи, не стануваше збор за класична трка, туку се работеше за споредување на резултатите, што предизвика разочарување кај сите оние што очекуваа спектакл.
Ајкулата не беше компјутерски дизајнирана, станува збор за вистинска голема бела ајкула, која брка плен на 100 метри, а научниците го измериле нејзиното време. Потоа на друга локација, во исти услови, Фелпс ја пливал истата делница.
Кога на крајот биле спореден резултатите, Фелпс за две секунди имал послаб резултат од големата бела ајкула (38,1 секунди/36,1 секунди).
Фелпс пливал во специјално дизајнираан костум за пливање, со специјално дизајнирани пераи и во вода чија температура изнесувала 13,3 Целзиусови степени.
Трката е одржана во близина на островот Бимини на Бахамите.
OhridNews