Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на Саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој од утре до 8-ми февруари 2016 година ќе се одржува во Брисел, Белгија.

Оваа престижна саемска манифестација е еден од најголемите туристички настани во Белгија, кој го посетуваат десетици илјади туристи. Бриселскиот саем е место каде што можат да се разменат нови туристички искуства и да се привлечат многу гости.

Според известувањата кои ги има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, туристичките богатства на Македонија ќе бидат претставени и пред посетителите на саемот за туризам „Holiday i spa“ кој од 11-ти до 13-ти февруари ќе се одржува во Софија, Бугарија, како и на Саемот за туризам во Белград, Србија кој ќе се одржува од 18-ти до 21-ви февруари 2016 година.

Инаку во текот на минатиот месец Македонија имаше свое претставување на саемите за туризам во Утрехт, Истанбул и Љубљана.

OhridNews