Звучи неверојатно, но дефанзивецот на фудбалскиот клуб Галатасарај, Џејсон Денајер, доживеал три терористички напади за нецели две недели.
Неговата приказна започнува на 13.март, кога само неколку минути по натпреварот во турското првенство помеѓу Галатасарај и Генчербирлиги, бомба експлодира во близина на стадионот Мајис во Анкара.
Шест дена подоцна, како што пишуваат турските медиуми, Денајер се подговувал со својот тим за дербито со Фенербахче (подцна е откажано), а бомбаш самоубиец изврши напад во Истанбул.
Во меѓувреме, Денајер е повикан и во белгиската репрезентација, а на 22.март кога тој пристигнал во Брисел, бомбаши самоубијци извршија напад на аеродромот Завентем во белгискиот главен град и во метрото.
„Макфакс“
OhridNews