На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”, почнувајќи од утре па се до 7- ми мај, со почеток во 20  часот ќе се прикажува филмот на белгискиот режисер Бернар Балефро “ На регатата”.


Станува збор за приказна за 15 годишниот Алекс, кој сакајќи да избега од своето неподносливо секојдневие се приклучува на локалниот веслачки тим, со единствена цел- да го освои белгискиот шампионат во веслање.

Времетраење на филмот е 100 минути, влез 50 денари.

OhridNews