На помалку од еден час до почетокот на вториот натпревар од четвртфиналната група на ЕП во ракомет помеѓу Македонија и Полска, во Белград владее извонредна атмосфера. И покрај несреќниот пораз од Данска кој во многу ни ги намали шансите за добар пласман се очекува и денеска во Арена македонските репрезентативци да ги бодрат повеќе илјади навивачи. Тие пристигнаа во Белград со автомобили, автобуси, а околу 1000 фанови дојдоа со воз што го обезбеди владата преку Агенцијата за млади и спорт.


Сепак во Скопје останаа околу стотина навивачи од сите краеви на земјата, кои беа извлечени во наградната игра што ја организираше АМС и добиле влезници за мечот со Полска. Тие се револтирани и прашуваат кој ќе им ги надомести трошоците за доаѓањето во Скопје, за непреспиената ноќ и дали некој ќе сноси одговорност за измамата.

OhridNews