Шшшшш….влегви, седи и не галами, од прееска чекам да слушнам. Не не, не сум скренат шо гледам Сител. Само овде ги објављет честитките. Абре морат да ја објавет. Ко ја објавија од Заев, морат и мојата да ја објавет. Шо? Каков Трамп бре. Не не му честитвам нему. Ете Иванов му честитал, така да… ех како ја прочитал. Се снашол и да биле измешани зборојте.

Немат шанса да му се наљутил. Не бре, немат потреба да му звонит да му кажит. Ќе го викнит на поручек и ќе му намигнит. Можда ќе му напрајт и паткина муцка ко на селфи и овај ќе сватит дека не му е љут.

Ти реков, не на Трамп. На Зоцон му честитав редење плин на колана. Ар зш. Ко е толку важно кој му честитал на Трамп мене ми е битно плинот од Зоцон. Само едно ми е мака ко гледав вести. Зш не им дозволет честитка со некоја песна: „Ви го честитам изборот на претседателската функција. Истовремено како Македонци сме среќни шо Меланија стана прва дама, а Вие прв дам на Америка, со песната „Чакмак“ од Кенан Таироски“ – Амди Бајрам со фамилијата – кажи дека поубо вака звучит.

И не брбај реков, ќути дан ја кажат. Како? Ар не дрндај многу, јади ја салата без сољ. Е немат. Коце од цела НСРМ ја собра сољта да фрлат низ скопскине улици. Е па како зш. Не слушаш на Сител секој ден фрлал 100, 150 и појќе тона сољ за ко ќе паднат по улицине и тротоарине одма да им зараснит раната од сољта. Како? Тој тој, ама не е веќе Коце Коцкана. Сега е Коце Сољарникон. Ам како.

Добро бре чоек не те имам прашано никош. Шо си ваков ко сколовранец, ко кишна глиста са брковима, исушен, некако ко од социјално да живејш? Абре ко маслинка си со 4 чечкалици. Уште малку прозирен, а мев ко тупурче.
Па како мојш да си дозволиш во една држава како НСРМ која е лидер во регионот по развојот на физичка култура и спорт да изгледаш вака ко нус појава од пороѓај, а не ко атлета? Како бре шојмат државава напраено за то. Ај мускулите шо ти се закржлаени, тебе и мозокот ти бил фира ојден.

Прво и прво, кај стигнавме кладовме тениски терени. И то наменски. Пример не мојш да прајш тениски терен во Скопје…пример. Ќе се испотепет кој да играт. Еве Беловодице прилепско имат четири жители и таму се напрај. Сакет игрет сингл, сакет сите во парој. Е сега не знам Милан дал им е редовен зш на 97-иот роденден ко играја оро ја шина раката.

Абре ако требит ќе се изградет и скијачки терени и скокалници покрај Негорска бања зш одговарат климата. Колку шо приметив покрај геријатрија веќе се клаени кошој и стаза за боб. Ам така де. Како да не викам бре ко за инает зборвиш.

Ам да не зборвам за гимнастика тентелко еден. Море 30 години ни прает гимнастика разни премиери, а ти пак си останал ко врабец в џам акнат. Шо како ни праеле? Шо кои дисциплини? Море рушен. На пример цела камасутра ја имет испраксирано на нас. После она најубана игра ние нсрм-ОВЦИ шо си ја сакаме, „ние пучи – тие качи“. А?
Па човече бре само за овие две гимнастички дисциплини знајш какви покрети мораме да прајме? Ти се развиват и кичма, па карлица, препони, газни мускули, чмаративниот прстен, а посебно колената и дланките кај нас мажите на „ние пучи – тие качи“. И после сево ова ти пак сколовранец. Не можам да те сфатам.

Ми се смачи од такви ко тебе, ексик. Не ми се пишит веќе, нити ми се ојт кај тркалоно Скопје, нити ми се возит по исчистениот пат од асфалтот… да бе, сега ми текна. Алал да им е на Македонија Пат. Цел асфалт го исчистија. Си возиш по мраз по снег и си уживаш. Абе как не бевме во некое село отцепени, ни сметки за струја, ни извршители, ни ништо.

Тук да те потсетам само на една изјава и бришам: „Личностите како Сорос се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се „фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!“ – рече неегоистот и несебеугодникот Отец Тодоров, влезе во Мерцедес од МПЦ од  пола миљон и си ојде.

ЏИМИ
[email protected]