Мароканскиот репрезентативец Менди Бенатија и неговиот агент водат отворени преговори со италијанскиот првак Јувентус и шпанскиот гигант Реал Мадрид.
28-годишниот фудбалер не е задоволен од статусот кој го има во екипата од Баерн Минхен. Минатата сезона дефанзивецот одигра само 24 натпревари за „баварците“ во Бундес лигата, а во новата сака многу повеќе.
– Сега се наоѓам во голем клуб и имам важечки договор уште четири години. Мојата цел е Баерн Минхен да освојувам титули што повеќе. Но, сакам и да играм повеќе бидејќи само тоа ме прави среќен. Пред мене е нова сезона и максимално подготвен сум за новите предизвици иако сакам да се пробам и во други клубови. – рече Бенатиjа.
„Старата дама“ пред трансферот на Бенатија од Рома во Баерн Минхен покажа заинтересираност, но не се договорија со римскиот клуб.
Ohridnews