Кралскиот клуб во возбудлив натпревар претрпе пораз од Севиља (3-2) и го загуби врвот пред дуелот со Барселона за две седмици.


Севиља по Барселона успеа да го совлада и Реал Мадрид кој пак прв пат изгуби сезонава во Ла Лига.

– Изгледаше дека имаме контрола на играта, но не беше така. Имавме шанса да го решиме натпреварот, но погрешивме и не казнаа. До мечот со Барселона имаме долг период и мора брзо да се опоравиме. „Ел Класико“ е повеќе од натпревар и секогаш треба да се биде стопроцетно подготвен. – рече Рафа Бенитез.

„Кралевите“ поведоа против Севиља 1-0, но домаќините со три погодоци комплетно го свртеа резултатот.

„Кралевите“ паднаа на „Рамон Санчез Пижуан“ (видео)

Ohridnews