Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез пред последниот натпревар на Наполи сезонава на пресконференција се поздрави со новинарите и го најави своето заминување во Шпанија односно Реал Мадрид.


– Натпреварот против Лацио во недела ќе биде последниот за мене на клупата од Наполи. Секогаш е тешко да напуштит место каде топли си пречекан. Сега е време да најдам нов клуб и нов предизвик. – рече Бенитез.

Популарниот „Рафа“ потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид, но навивачите не го сакаат поради стилот на работа.

За негов наследник во тимот на Наполи се споменува Синиша Мијаловиќ, кој имаше успешна сезона со екипата на Сампдорија.

Мх.П.