Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафа Бенитез пред себе има голем предизвик да ја симне Барселона од тронот во шпанскиот и европскиот фудбал.


Бенитез најави дека нема да го менува напаѓачкиот стил на игра кој го негува и е препознатлив кралскиот клуб.

– Стилот на игра го одредува тимот кој го поседуваш. Ние имаме доста фудбалери кои се напаѓачки настроени и немаме друг избор освен да играме така. Неможам да кажам дека ќе играме 4-4-2 или 4-3-3, но со сигурност ќе играме напаѓачки. – рече шпанскиот стратег.

По промовирањето за тренер на Реал Мадрид, Бенитез имал средба со играчите и разговарале на повеќе теми.

– Начнавме неколку теми, а најмногу се задржавме на проблемите и неуспесите од минатата сезона. Побарав мислење од секој играч што треба да поправиме и да ја почнеме сезоната онака како што треба без никакви проблеми. – додаде Бенитез.

Екс стратегот на Валенсија, Интер, Челси и Ливерпул откри дека „кралевите“ водат преговори за неколку фудбалери кои се на радарот и на други клубови.

Ohridnews