Шпанскиот стручњак Рафа Бенитез со пораз од Рома по изведувањето на пеналите 7-6 (0-0) дебитираше на клупата од Реал Мадрид.


Двете екипи силите ги одмерија во далечната Австралија на интернационалниот шампионски куп на кој учествуваат уште Манчестер Сити и домашниот Мелбурн.

Тренерите тактизираа со составите што донесе не атрактивен фудбал за публиката која го наполни целиот стадион.

Во пенал рулетот дури во седмата серија се реши победникот. Морган де Сантис одбрани, а Кеита погоди за победа.

Ohridnews