Репрезентативецот на Белгија, Кристијан Бентеке и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаа блиска и не така пријателска средба по мечот со Саутемптон во Премиер лигата кој „црвените“ го загубија (3-2).
Напаѓачот кој беше доведен од Астон Вила за 42,3 милиони евра повеќе време минува на клупата отколку на теренот.
– Некои мои согирачи ми зборуваат дека имам среќа што Клоп доаѓа бидејќи сигурно ќе играм. Неразбирливо и несфатливо е тоа што токму Клоп ме бараше во Борусија Дортмунд, а во Ливерпул ме чува закован за клупата. – рече Бентеке.
Според англиските медиуми Клоп на Бентеке на мечот со „светците“ му се налутил за својата инфериорност во фазата на одбрана, нешто што секогаш го бара од напаѓачите германскиот стручњак.
– Пишувањата деке неможам да играм пресинг каков што бара Клоп се бизарни. Можам да се движам многу и да покривам, но прво треба да влезам на теренот и да докажам дека тоа можам да го направам. – додаде Белгиецот.
Бентеке во јануарскиот преоден рок одбил заминување од Ливерпул, а подготвен е да го направи тоа уште еднаш. – Не сакав во јануари да заминам. Во мене се уште постои голема желба за успех на Енфилд и таа нема да се промени.
OhridNews