Авантурата на второто најскапо засилување во историјата на Ливерпул, Кристијан Бентеке неславно ќе заврши откако „црвените“ влегоа во финални преговори со Кристал Палас.


Белгскиот репрезентативец ја доби целосно поддршката од Јирген Клоп, но напаѓачот со ништо не заслужи втора шанса на Енфилд.

Трансферот на Бентеке во Кристал Палас многу брзо треба да биде официјализиран, а Ливерпул уште еднаш ќе добие етикета за клуб со слаба трансфер политика.

Но, овој удар не е единствен за Ливерпул. Тотенхем ќе му зададе уште еден ако успе да се договори со Баерн Минхен за оштетата за Марио Геце.

Ливерпул односно Клоп кокетираше со Геце изминатиов период, но до трансфер на Енфилд не дојде откако „златното“ германско момче се почесто ја грееше клупата во Баерн Минхен.

OhridNews