Францускиот суд на фудбалерот од Реал Мадрид, Карим Бензема му ја укина забраната за приоѓање кон репрезентативниот колега Метју Валбуена.
Со укинување на забраната создадени се услови за враќање на Бензема во франциската репрезентација, пренесе агенцијата Reuters.
Судот оваа мерка на Бензема му ја изрече поради судската постапка која се води против него. Бензема со секс снимка, на која бил Валбуена со својата девојка, го уценувал соиграчот од репрезентацијата.
Фудбалерот на Реал во моментов е повреден и не настапува за својот клуб, а и без тоа прашање е дали ќе добиеше повик од селекторот Дешан за пријателските натпревар со Холандија и Русија.
Инаку веднаш по избивањето на скандалот францускиот селектор ги суспендира Бензема и Валбуена од националниот тим.
Со укинувањето на судската забрана Бензема ќе се најде во конкуренција за настап на Европското првенство, но прашање е дали Дешан ќе го повика во репрезентацијата додека судскиот процес сѐ уште трае.
OhridNews











