Името на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, според францускиот весник Либерасион е поврзано со нова афера. Весникот тврди дека Бензема е вмешан во трговија со дрога и во „перење пари“.


Карим Бензема изминатите месеци беше дел од секс скандалот со соиграчот од репрезентацијата Матје Валбуена. Имено, Бензема бил дел од групата која го уценувала Валбуена со секс снимка.

Откако целиот случај заврши на суд, Бензема доби забрана за доближување до Валбуена и доби суспензија од репрезентацијата. Сепак, судот минатата недела ја поништи забраната за доближување, што значи дека Бензема може повторно да настапува за Франција, секако доколку добие повик од селекторот Дидиер Дешамп.

Покрај случајот со Валбуена, Бензема се соочува со нови тешки обвиненија, дека е дел од криминална група која се занимава до продажба на дрога и „перење пари“.

Според новинарите на весникот, случајот со оваа криминална група во судот во Париз бил отворен на 17 септември 2015 година. Бензема, како што тврди весникот, веќе билна распит, а новинарите тврдат дека „тој веќе загубил многу пари“.

OhridNews