Европскиот првак Реал Мадрид ќе одбира една од трите опции за нов напаѓач во своите редови, откако стана јасно оти Карим Бензема ќе го заврши својот престој на Сантија Бернабеу.

Навивачите на кралскиот клуб одамна го загубија трпението со францускиот напаѓач, а најверојатно и управата која планира целосно освежување во екипата.

Мауро Икарди од Интер, членот на Тотенхем Хари Кејн и Тимо Вернер од тимот на Лајпциг се трите опции од кои „кралевите“ ќе ја бираат новата деветка во составот.

Но, нема да му биде воопшто лесно на Реал Мадрид, бидејќи Икарди веднаш отфрли заминување од Интер. Кејн доби отворена врата за заминување, но со голема оштета, а Вернер се уште не е докажан и преселба во Ла Лига би му бил преголем залак.

Сигурно, во зимскиот преоден рок „кралевите“ нема да се пуштат во трансфер офанзива, а се очекува тоа да го направат после завршување на Мундијалот во Русија.

OhridNews