Француската фудбалска федерација ќе го исфрли од селекцијата Карим Бензема ако се докажат точни обвинувањата дека тој вистина го уценувал соиграчот од Франција, Метју Валбуена.
Фудбалерот на Реал Мадрид во ноември беше приведен и сослушан во Франција поради видео снимка со која бил уценуван францускиот репрезентативец.
Судбината на Бензема во дресот на „триколорите“ е во рацете на судот бидејќи една од можните одлуки е двајцата фудбалери да немаат контакт, така Бензема ќе биде отстранет од селекцијата, а предност би добил Валбуена.
Највисока казна затвор која може да ја добие Бензема е пет години, а најмалата шест месеци.
Ohridnews











