Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 75 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 76,50 денари за литар, а на Еуродизелот 70,50 денари.

Малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе се продава по 59,50 денари. Намалување има и кај мазутот кој ќе се продава по 42,19 денари за килограм.

OhridNews