Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 96 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 98 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ за 99 денари по литар.

Естра лесното масло за домаќинство ќе чини 110,50 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,837 ден/кг. и ќе изнесува 53,579 ден/кг.

OhridNews