Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 се зголемува за денар, со што новата цена изнесува 76,00 ден/лит, додека литар еуросупер БС-98 поскапува за 1,5 денари. ова горива од ноќеска на пумпите ќе се продава по 78,00 ден/лит.
Новата цената на еуродизелот изнесува 69,50 ден/лит, а на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,689 ден/кг, со што новата цена на М-1 НС изнесува 42,882 ден/кг.
извор: „Макфакс“