Како што одлучи денес, Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,95 проценти.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува од 74,5 денари на 75,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98  од 76 на 77 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) наместо за 66 денари ќе се продава за 66,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари, наместо досегашните 57.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за  0,306 денари за килограм и ќе чини 42,727 денари.

Одлуката за зголемување на цената на нафтените деривати, Регулаторната комисија ја објаснува со просечната цена на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

OhridNews