Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика,  бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5, а дизелот и естра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари.

Цената на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 87,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе биде 73 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 61,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,176 ден/кг и ќе изнесува 46,195 ден/кг.

OhridNews