Изминатиов период, Пазарниот инспекторат спроведе повеќе контроли на бензиски пумпи во земјава. Засилени се контролите за исправноста на апаратите кои точат гориво, поради сомневање дека се небаждарени веќе подолго време. Исто така, инспекторите се сомневаат во можни малверзации од страна на бензиски станици, каде биле утврдени одредени манипулации и злоупотреби, пишува „Дневник“.
Од инспекторатот информираат дека најголем дел од бензинските пумпи во земјава, точат помалку гориво отколку што наплаќаат. „Анализите покажуваат дека бензинот содржи многу помалку октани отколку што треба да има. Ако се продава гориво од 98 октани, во него имало само 94. Постојат сомнежи и за манипулација со дизел-горивата, во чиј состав имало вода. Алармантно е количеството сулфур кај ова гориво, кое е многу поголемо од дозволеното.“ – вели за „Дневник“ Елизабета Чингаровска, директор на Пазарниот инспекторат.
Затоа во наредниот период, како што најавуваат од инспекторатот, ќе се вршат контрола на сите бензински пумпи во државава. Пумпите кои точат помалку горива, веднаш ќе бидат ставени надвор од употреба. Доколку се утврди дека горивото е неквалитетно, ќе се изврши анализа кај акредитирана лабораторија. Доколку се откријат вакви случаи, сопствениците на овие објекти ќе плаќаат високи казни, кои се движат од 3 до 5 илјади евра.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедн...
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликов...
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.