Екипата на Сасуоло со гол од пенал во судиското продолжение ги освои трите бодови на Џузепе Меаца победувајќи го Интер со 1-0 во 19-та рунда од Серија А.
Херој на гостинскиот состав беше Доменико Берарди кој смирено ударот од белата точка го претвори во победнички погодок длабоко во судиското продолжение.
На поразот од Интер најмногу ќе се израдуваат Наполи и Јувентус кои со евентуални победи над своите ривали во 19-та рунда ќе го престигнат на табелата.
Ohridnews











