Финалистот од 2003 година во Лигата на шампиони, Монако забележа сензационална победа над Арсенал во Лондон со 3-1. „Кнезовите“ покажаа голема зрелост и решителност во играта што и ги одведе до голем триумф.
– Ние ги реализиравме нашите шанси и ова е добра и значајна победа за нас. Сите сме среќни, но ништо не е готово. Имаме уште еден натпревар и се уште Арсенал е опасен тим – рече Димитар Бербатов и додаде – „Топчиите“ се многу добар тим, но вечерва повеќе ја посакувавме победа. Се боремевме на секаде теренот и победата беше нашата голема инспирација.
Покрај големата предност од првиот натпревар бугарскиот интернационалец смета дека тимот треба да ја повтори играта од Емирати за конечен пласман во најдобрите осум.
– Јас лично нема да се опуштам, а верувам ниту екипата. Арсенал е Арсенал имаат квалитетни играчи и играат добар напаѓачки фудбал. Се може да се случи во фудбалот, имаме солидна предност и мора да ја сочуваме. – потенцираше Бербатов.
Мх.П.