Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/2 финалето на мастерс турнирот во Мајами совладувајќи го Томаш Бердих во полуфиналето во два сетови (6-3, 6-3).


Пласманот меѓу четирите најдобри тенисери на турнирот во Мајами рекетот број еден го осигура во меч кој траеше точно 100 минути.

Бердих делуваше мотивирано и на моменти опасно, но Ѓоковиќ возвраќаше со иста мера за лесна и убедлива победа.

Во полуфиналето најдобриот светски тенисер ќе се сретне со Дадид Гофан кој во четвртфиналната фаза го совлада Жил Симон со 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 6-1).

Останата полуфинална двојка во Мајами ќе се комплетира по одигрувањето на четвртфиналните мечеви меѓу Нишикори – Монфилс и Раониќ – Киргијос.

OhridNews