Чешкиот тенисер Томаш Бердрих убедливо со 3-0 во сетови (6:2, 6:0, 7:6) го совлада Рафаел Надал во четвртфиналето од Австралија Опен.
Со овој триумф Чехот ја прекина „црната“ серија од 17 порази во меѓусебните дуели со шпанскиот тенисер.
Надал воопшто не наликуваше на себе особено во првите два сетови, а во третиот се обиде нешто да спаси, но без успешно.
Во останатите четвртфинални мечеви ќе се сретнат Енди Мареј – Ник Киргиос, Стас Вавринка – Кеи Нишокори, Новак Ѓоковиќ – Милош Раониќ.
Мх.П.