Борис Березовски
Борис Березовски редовно настапува како солист со светски познатите оркестри како Њујоршкиот филхармониски оркестар, Оркестарот од Филаделфија, Данскиот национален радио симфониски оркестар, Новата јапонска филхармониј и други. Тој е основач и организатор на меѓународниот фестивал „Медтнер“, организиран во чест на славниот композитор, а истовремено важи за еден од најдобрите современи интерпретатори на музиката на Николај Медтнер. Березовски настапува и како камерен музичар и соработува со светски познати уметнилки имиња, а има снимено и повеќе албуми со класична музика. Настапувал на многу светски познати фестивали, а „Охридско лето“ го смета за еден од најдобрите.
– Охридско лето ги има сите состојки за еден навистина успешен фестивал. Има добра и што е најважно разновидна програма од џез до класична музика и театар која ги задоволува вкусовите на сите посетители на овој град. Се одрржува на прекрасно место и на убави сцени. Сето тоа го прави еден од најспектакуларните фестивали воопшто.-изјави Борис Березовски.