Сопственикот на клубот од Милано, Силвио Берлускони длабоко е разочаран од тренерот Синиша Михајловиќ и резултатите кои екипата ги бележи сезонава во Серија А.
„Росонерите“ со три победи и едно реми во осум натпревари се наоѓаат на 12-та позиција во калчолигата и заостануваат осум бодови од водечките екипи на табелата.
– Поразот од Интер во трофејот „Берлускони“ го примив многу лошо и нормално е да сум разочаран. Се работи за трофеј кој е посветен на мојот татко. Но, не ме загрижува само поразот туку комплетната слика на екипата. Мора некои брзо да се променат за доброто на сите. – рече првиот човек на Милан.
Во италијанските медиуми се шпекулираше дека српскиот стратег има ултиматум од Берлускони кој ако не го исполни ќе мора да замине од функцијата тренер.
Ohridnews











