Реал Мадрид по завршување на сезоната ќе се раздели со чуварот на мрежата Кејлор Навас, а неколку имиња се споменуваат за негов наследник.Во прв план се Давид де Геа, Тибо Куртоа и Џајнлујџи Донарума, но најверојатно „кралевите“ ќе го ангажираат голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено.


– Чувството кога ќе слушните и прочитате такви работи е прекрасно, но не сакам ништо да правам зад грбот на мојо сегашен клуб Леверкузен. Ако замина, сакам од трансферот да се задоволни сите, а не само една страна. – изјави за германските медиуми Лено.

Цената на 25-годишниот голман на трансфер пазарот кој бранеше за Германија на квалификацискиот меч со Азербејџан изнесува 20 милиони евра.

Ривалот на Реал Мадрид, Барселона донесе голман од Бундес лигата и не погреши, бидејќи Андре тер Штеген прерасна во добар голман со блескава иднина пред себе.

OhridNews