Берни на постарата ќерка Тамара и купил куќа во центарот на Лондон за повеќе од 50 милиони евра, а на помладата Петра и купил вила во Челси за речиси 80 милиони евра. По разведувањето од сопругата Славица наводно останал посиромав за дури една милијарда евра, па по сите тие трошоци одлучил дека би било паметно нешто и да заработи.
Така тој го ставил на продажба својот четворособен стан во Челси. За станот барал 17 милиони евра, односно 3,5 илјади евра по квадратен метар. Ова е веќе трет пат како станот го дава на продажба, но заинтересирани купувачи сеуште нема. Во станот живееле неговите ќерки со поранешната сопруга откако се развеле.