Охридските “бели“ го претрпеа првиот пораз на подготовките за новата сезона. На „Билјанини Извори“, “рибарите“ беа поразени од албанската Беса со 3-0.


По трите ремија со прволигашите , Металруг (0-0), Ренова (1-1) и Пелистер (1-1), за избраниците на Џајо ова беше првиот пораз, а втор меч како не неуспеваат да ја погодот противничката мрежа.

Албанскиот куп освојувач кој ги финишира подготовките во Охрид, за престојниот натпревар во Лигата Европа , забележа три победи на трите меча. Совладан беше Пелистер (5-0), Охрид Лоте (2-1) и Охрид `04 (3-0).

М.П.