Во конкуренција од 17 пристигнати беседи Комисијата за спроведување на конкурсот за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“ едногласно одлучи наградата за најдобра беседа за 2026 година да ја додели на беседата под шифра „Тивериопол“, соопштија од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, установата покренувач и организатор на Конкурсот кој се организира по четврти пат.

Од Библиотеката очекуваат за брзо да го дознааат и името на добитникот со соодветна потврда на идентитетот и напишаната беседа.

„По песната птиците се разликуваат“ е една од мислите кои Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани.

Со традиционалниот конкурс Библиотеката сака да го поттикне творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.

На авторот на најдобрата беседа на почетокот на февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ ќе му биде доделена парична награда од 9000 денари и признание со ликот на Прличев.

На Конкурсот можеа да се пријават млади автори од 15 до 35 годишна возраст од РС Македонија.

Тричлената Комисија составена од докажани искусни професори по македонски јазик и литература ја оценуваше вкупната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина на беседите.

OhridNews