Турскиот ракометен клуб Бешикташ од следната сезона ќе биде нов член во регионалната СЕХА лига.
Конечниот датум за официјализирање на одлуката за приклучување на Бешикташ ќе биде соопштена на 15 јуни.
Сезонава турскиот клуб беше дел од групната фаза во Лигата на Шампиони и успешно ја преставуваше својата земја.
За сериозноста на Бешикташ говори фактот дека од следната сезона во нивните редови ќе премине Немања Прибак, а и репрезентативецот Гоце Георгиевски беше пред трансфер во турските редови.
Ohridnews