Турскиот шампиони Бешкташ не само што испадна од Лигата на шампионите со комбинирани 1:8 од Баерн Минхен, туку и ќе добијат низа казни од УЕФА, која реши да ги обвини покрај другото и за мачката која се појави на теренот.

„Водафон арената“, како и секогаш, беше гласна и непријателски расположена за гостите, така што Бешикташ ќе мора да одговара за однесувањето на навивачите, како и за малото жолто маче кое се појави покрај корнер-знаменцето.

Според правилникот на УЕФА не постои казна за „животно на теренот“, но тоа најверојатно ќе биде под обвинението за „недоволна организација“.