Агресивна коза сеела страв во едно гратче на југот на Бразил, напаѓајќи ги минувачите. Козата била снимена од локалната телевизија која сакала на лице место да ги провери приказните на жителите на Лондрина.

Тие се жалеле дека бесната коза ги тероризирала со денови. Козата слободно се шетала низ градот и ги напаѓала минувачите кои ги бркала низ улиците се додека не се сопнеле и не паднеле.