Бесплатен пап-тест, основен гинеколошки преглед и сите типови на ехо, ќе можат да ги направат жените од тешко достапните рурални места во регионите на Охрид, Тетово, Гостивар, Куманово, Делчево и Струмица.
Како дел од проектот на министерството за здравство, жените од овие рурални места ќе можат да се советуваат за сексуално преносливите болести и инфекции, односно ќе добиваат и бесплатна контрацепциа во првата мобилна гинеколошка амбулатна која е комплетно опремена.
Како што информира Министерот за здравство Никола Тодоров, во првата фаза мобилната амбуланта ќе се движи низ шест општини меѓу кои, а според очекувањата би требало да се прегледаат околу 500 жени.
Инаку, мобилното возило е обезбедно со грант од Глобалниот фонз за ХИВ/ СИДА, а министерството за здравство го реализира овој проект во соработка со невладината организација Х.Е.Р.А.
OhridNews