
– Бесплатното паркирање е предвидено само за купувачите на пазарот во времетраење од 30 минути, а по надминување на времето од половина час ќе се наплаќа 20 денари по час. Бесплатното паркирање и минутажата ќе бидат контролирани од надлежни лица на јавните претпријатија „Билјанини Извори“ и „Градски пазар“, информираат од локалната самоуправа.
Целта на меѓусебната соработка на двете охридски претпријатија е да се влијае врз намалувањето на давачките кои ги имаат граѓаните, да се привлечат што поголем број купувачи, како и да се подобрат условите за пазарење на зелениот пазар.
OhridNews











