Бесплатен автобуски превоз за пречек на Јохан Тарчуловски организира Здружението на граѓани за поддршка на Јохан.

Исто така, здружението обезбеди и 50 автобуси кои бесплатно ќе ги транспортираат граѓаните од Скопје до аеродромот Александар Велики и назад до плоштадот Македонија, кои ќе тргнат во 13:00 часот од паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски.
Oд ова здружение најавуваат голем и свечен пречек по повод враќањето на Јохан Тарчуловски во Македонија.
Jохан Тарчуловски во понеделникот беше ослободен од откако одлежа две третини од 12 годишната казна затвор што му ја одреди Меѓународниот суд за поранешна Југославија во Хаг. Тарчуловски беше единствениот Македонец осуден за дела сторени во воениот конфликт во 2001 година.
OhridNews











