
Од „Галеб“ за ова лето најавуваат уште изненадувања за своите патници и снижување на цените кон плажите на охридската ривиера.
Деновиве компанијата ја воведе сезонската автобуска линија од Охрид кон познатите одморалишта во Црна Гора. Автобусите на „Галеб“ летово секој парен датум ќе сообраќаат кон познатите летувалишта во Црна Гора: Улцин, Бар, Суто Море, Будва, Котор и крајната дестинација Херцег Нови. Тргнувањето е во 22.30 часот од Охрид, односно 22.45 од Струга, а пристигнувањето во утринските часови следниот ден во зависност од дестинацијата. Од Црна Гора кон Охрид, „Галеб“ ќе вози секој непарен датум.
Цената на билет во еден правец изнесува околу 25 евра во зависност од крајната дестинација, а повратната карта околу 40 евра.
Компанијата викендов ја стартуваше и новата експрес линија Охрид – Белград – Нови Сад. Поаѓањето е од Охрид во 12 часот. Од Нови Сад автобусот тргнува во 22.30 часот, а од Белград во 00 часот на полноќ, со пристигнување во Охрид во раните утрински часови околу 8 часот. Цената во еден правец изнесува 1800, односно 2100 денари, а повратниот билет чини 3300, односно 3600 денари.













