Од јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информираат дека е отворена бесплатна телефонска линија 0800 46 046 на која граѓаните можат да пријават неправилности,поплаки и сугестии во врска со работењето на Јавниот паркинг простор со кој стопанисува претпријатието.
– Претпријатието овозможи ваков начин на комуникација со корисниците на услугите со цел да се надминат евентуалните проблеми, да се подобри квалитетот на услугите кои што ги нуди и кои се во надлежност на претпријатието, нагласуваат од јавното претпријатие.
OhridNews