Граѓаните на денот на изборите, ќе можат да пријават повреди на избирачкото право од 07 до 19 часот на бесплатната телефонска линија 0800 54321, која ќе функционира во канцеларијата на народниот правобранител.

Како што стои во соопштението на народниот правобранител на РМ, избирачкото право е уставно загарантирано како еднкаво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Народниот правобранител ќе ги штити правата на граѓаните со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции што се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.“ – стои во соопштението.

Инаку, со цел да им се помогне на граѓаните во остварување и заштита на нивните права, ќе бидат отворени сите сеудм канцеларии на нардониот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип.

OhridNews