Денес стапува во сила новиот Закон за бесплатна правна помош, со што граѓаните добиваат бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда-адвокатот, сите судски и административни трошоци се покриваат од буџетот.
Граѓаните кои се со незавидна финансиска положба можат да се обратат до Министерството за правда и до неговите подрачни единици и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството. Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош.
Бесплатната правна помош граѓаните можат да ја добијат за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остварување на социјална помош, за спорови со осигурителни компании итн.
Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош. До сега не се покриваа судските такси, трошоци за вештачење и сл., што беше пречка за многумина да добијат заштита заради дополнителните трошоци. Сега таа пречка е отстранета. Со новиот закон, корисниците на бесплатна правна помош се ослободуваат од судски трошоци и од трошоци за вештачење и истото ќе се врши од Бирото за судски вештачења без надомест.